Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

100 дена Трамп: Извршни наредби, напади и…голф

0
By Нова ТВ on April 30, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 30, 2017 09:36

Претседателот  на САД Доналд Трамп за првите 100 дена од престојот во Белата куќа потпиша 30 извршни наредби, 20 укази, 28 претседателски меморандуми и 28 закони.

Целта на извршните наредби, како што коментираат медиумите главно биле за да ја поништи регулацијата на администрацијата на неговиот претходник Барак Обама.

Но правосудството го осуети неговите два последни обиди да воведе забрана за влез на граѓани од земјите со муслиманско мнозиство.

Во првите 100 дена, Трамп се потпираше на извршни наредби за да собере „претседателски поени“, иако како кандидат во текот на кампањата, го критикуваше користењето на извршните наредби од страна на Обама.

Трамп се среќаваше со битни сојузници на САД, како што се лидерите на Јапонија и Германија, како и со кинескиот претседател Си Џинпинг, лидерот на нацијата која ја критикуваше во текот на кампањата.

Тој телефонски разговараше со повеќе влијателни светски лидери како што се рускиот Владимир Путин, на Германија Ангела Меркел, на Јапонија Шинзо АБе и др.

Трамп меѓутоа помина и 14 викенди во својот голф клуб во Мар а Лагу на Флорида, кој уште е наречен Јужната Бела куќа. Дури 19 пати беше да игра голф иако го критикуваше Обама дека престанува со работа за да игра голф. Засега немаше официјална посета надвор од САД.

Што се однесува до разновидноста на неговиот Кабинет, тој главно се состои од белци и мажи, од кои повеќето се поранешни генерали.

Амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли, администраторката за мали бизниси Линда Мекмејхон, секретарката за транспорт Елејн Чао, секретарот за станбена изградба и урбан развој Бен Карсон, секретарот за труд Алекс Акоста и секретарката за образование Бетси Девос се единствените кои отстапуваат од вообичаениот избор на Трамп.

Невработеноста продолжува да се намалува под администрацијата на Трамп, иако Белата куќа зеде кредити за да отвори нови работни места.

Берзата достигна највисоко ниво по победата на Трамп на претседателските избори во 2016 и продолжува трендот на раст, кој во меѓувреме достигна рекорд.

Една од главните теми на кампањата на Трамп беше илегалната имиграција, а  податоците покажуваат дека бројот на апсењата на границите се намалил во првите недели од доаѓањето на Трамп. Податоците што ги објави Си Ен Ен покажуваат дека во периодот февруари –март 2016, над 80.000 мигранти се уаспени или вратени од југоисточната граница на САД, додека во истиот период 2017 година покажува преку 50 отсто помалку такви случаи. Според експертите тоа е резултат на агресивната имиграциска политика на Трамп.

Трамп го пополни и слободното место во Врховниот суд, настанато по смртта на судијата Антонино Скалија, а за таа позиција го номинираше Нил Горсуч, чиј избор Сенатот и го потврди.

Обама сакаше ова место да му го додели на Мерик Гарланд, но републиканските сенатори рекоа дека нема да прифатат номинација додека не завршат претседателските избори.

Трамп го изнесе планот за реорганизација на федералната влада. Така на 23 јануари нареди прекин на федералното вработување и повика на намалување на обемот на Владата.

Тој изнесе предлог за големо намалување на трошоците во невоените и неимиграциските безбедносни служби на 16 март 2017.

Потоа, на 12 април го укина прекинот на вработувањето во федералната влада, а  на почетокот на 2018 се очекува план за реформи на целата влада.Трамп одобри два многу контроверзни проекти за цевководи, Кистон икс ел и Дакота аксес, што Обама целиот свој мандат го оспоруваше.

Тој ги повлече САД од Транспацифичкото партнерство со образложение дека е штетно за економијата на САД, додека Обама силно се залагаше за оваа иницијатива. Бруто домашниот производ на земјите во ова партнерство збирно изнесува 27.887 илјади милијарди долари, меѓу кои наголем БДП има САД 18.036 илјади милијарди долари, според податоците на Светската банка.

Во текот на првите 100 дена, Трамп го зболеми бројот на напади во Јемен. Во јануари Трамп одобри рација во Јемен, при што беше убиен припадник на морнаричките фоки и тројца лидери на Ал Каида.

Од крајот на февруари САД ги интензивираа воздушните напади на Ал Каида во Јемен.

Централната команда на САД соопшти дека до 24 април силите на САД спровеле над 80 прецизни удари против Ал Каида, почнувајќи од 28 февруари.

Трамп исто така одобри лансирање на 59 крстосувачки ракети на воздухопловната база Шајрат во Сирија, по сомнението дека претседателот Башар ал Асад користел хемиско оружје во нападот во градот Идлиб на северот на Сирија, при што загинаа многу цивили, меѓу кои и бебиња.

САД во април првпат употреба бомба развиена во 2003 година, ГБУ 43 позната како мајка на сите бомби, и тоа при нападот на пештерите на истокот на Авганистан, кои ги користат припадници на Исламската држава.

Во меѓувреме операцијата „Непоколеблива решителност“, односно коалицијата предводена од САД за пораз на ИД во Сирија и Ирак продолжи со нападите во двете земји.

Трамп на собирот во Пенсилванија ги оцени неговите први 100 денови на функцијата шеф на државата како „многу продуктивни“ и им порача на своите приврзаници дека „големите битки“ кои го чекаат ќе бидат извојувани.

Тој истакна дека ја избрал Пенсилванија за одржување на собир, бидејќи сакал да биде подалеку од Вашингтон, каде синоќа се одржувала традиционална годишна вечера на здружението на известувачи од Белата куќа.

Нагласувајќи дека е воодушевен што е далеку од „вашингтонското мочуриште“ и „здодевната вечера“, американскиот претседател им се потсмевал на „лажните вести“ на Си-Ен-Ен и на „неуспешниот“ Њујорк тајмс.

– Тие се срам, изјави Трамп.

Новинарите пак му порачаа дека медиумите не се лажни вести.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.