Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„100 години Ацо Шопов“ организираат Општина Центар и Францускиот институт – Скопје

0
By Ана Василевска on March 14, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Ацо Шопов
Ацо Шопов
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 14, 2023 09:46

Општина Центар и Францускиот институт – Скопје денеска во Музејот на македонската борба ќе организираат омаж за поетот и книжевен преведувач Ацо Шопов (1923-1982) по повод стогодишнината од неговото раѓање.

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, и амбасадорот на Франција во Северна Македонија,  Сирил Бомгартнер, свечено ќе ја отворат манифестацијата „100 години Ацо Шопов“ на која ќе се обратат истакнати македонски поети, професори и членови на семејството на поетот Шопов.

Како што соопштија организаторите на настанот, со излагањата ќе се чествуваат животот, творештвото и преведувачка дејност на Ацо Шопов.

Ученици од ООУ „Димитар Миладинов“ и студенти од Филолошки факултет „Блаже Конески“ ќе рецитираат поезија од Шопов на македонски и на француски јазик. Најавено е и обраќање на  Светлана Шопова, сопруга на Ацо Шопов.

Настанот ќе заврши со настап на пијано на 12-годишната Петра Митровиќ, стипендист на Општина Центар од областа на културата, која има освоено единаесет први места на светски натпревари и солистички концерти во катедралата „Нотр Дам“ во Париз и „Карнеги хол“ во Њујорк.

100 години Ацо Шопов Француски културен центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.