100 илјади претставници на безбедносните сили ќе бидат мобилизирани во Франција за да спречат терористички напади за дочекот на новата година.
На влезовите каде што ќе има јавни собири ќе бидат поставени и бетонски блокови, за да се спречат напади како оние во Ница и Берлин.
На 31 декември ќе биде активиран и центарот за операции на полицијата и жандармеријата. Овој центар раководи со големи операции како што се терористичките операции.