Повеќе од 11.000 семејства на Исланд ги понудија своите домови на бегалците од Сирија како одговор на одлуката на исландската влада да доделуав максимум 50 решенија за азил во текот на една година.
Семејствата се пријавија на повикот на ФБ групата чиј администратор е исландската авторка Бриндис Бјоргвинсдотир. Таа ја креираше оваа група на популарната социјална мрежа со отворено писмо упатено до владата во кое бара таа да им дозволи на граѓаните на Исланд да го понудат своето гостопримство на бегалците.
Како одговор на растечката популарност на оваа ФБ група исландскиот премиер одлучи да формира специјален комитет кој ќе ја ревидира владината одлука за лимитот за прифаќање на 50 азиланти.
Исланд како држава со 330.000 жители во 2014 прифати 1.117 бегалци.




