Претседателот на Украина побара група пратеници да направат тест за детектор на лаги, за да покажат дека не се вклучени во скандалот со проширување на корупцијата.
Владејачката партија на Зеленски ја тресе коруптивен скандал по медиумските извештаи дека неколку нејзини членови во Врховната рада прифатиле мито до 30 000 американски долари за да гласаат за амандман со кој се гарантираат олеснувања за компаниите поврзани со други пратеници.
Специјалното обвинителство против корупција денеска објави дека отвора истрага за да ги провери наводите за корупција а поврзани со 11 пратеници.
Зеленски, кој е во посета на Јапонија од почетокот на оваа недела, ги повика членовите на Комисијата за финансии во Парламентот да направат тестирање на детектор за лаги за да ја докажат својата невиност.
„Ако овој тест открие дури и најмала можност некој од пратениците да земе пари за гласање во комитетот, антикорупциските агенции ќе се справат со овие пратеници“, рече тој. „Нема да дозволам некој внатре во фракцијата или надвор да ја фрли сенката врз политичкото движење што освои мнозински мандат од украинскиот народ“.
Зеленски, политички почетник и најверојатно најпосакуваниот комичар на Украина, победи на претседателските избори во април со ветување дека ќе се бори против ендемичната корупција во земјата,
Неговата партија освои апсолутно мнозинство во парламентот, за прв пат во модерната историја на Украина. Аналитичарите изразија загриженост во врска со некои нови пратеници, велејќи дека партискиот список е изготвен премногу набрзина и дека поединци не биле доволно проверени.




