Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

120 луѓе од гевгелиските села заразени со ешерихија коли

0
By Нова ТВ on September 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 1, 2017 16:28

Жители од гевгелиските села Стојаково, Богородица и Селемлија се заразиле од бактеријата ешерихија коли. Дури 120 луѓе побарале медицинска помош поради болки во стомакот.

Водата од водоводниот систем во овие три села е забранета за пиење.

„Од 120 лица кои тогаш побарале лекарска помош, а гравитираат кон овие три села, 38 биле препратени во Гевгелиската Болница со средно и тешка симптоматологија , девет биле задржани, а две лица се уште се хоспитализирани. Тие се жалале на интензивно повраќање, гадење, болки во стомакот, течни столици со интензитетот во првите часови од 5-6 столици и опасност од дехидрација“, вели д-р Сашко Олумчев, епидемиолог и раководител на подрачна единица на Центарот за јавно здравје Велес-Гевгелија.

Центарот за Јавно здравје Велес утврдил дека жителите од трите села се заразиле од водата во заедничкиот водовод, по што веднаш е наложено да се хиперхлорира водата за пиење.

„Констатиравме дека на 25-ти август дошло до дефект на главниот цевковод кој ги снабдува овие три села од пумпната станица ‘Вардар’. Земени се мостри пред и по него, како и мостри од пациенти на преглед во Итната медицинска помош. Истражувањата покажаа дека во водата во Стојаково и во Селемлија нема резидуален хлор, а во водата во село Богородица имало хлор. Утврдено е присуство на колиформни бактерии со висок титар, односно присуство на бактерија од фекално потекло-ешерихија коли“, образложи денеска Тони Димитриев в.д. директор на Центарот за јавно здравје Велес .

Високи количини од бактеријата ешерихија коли во водата за пиење во Стојаково е утврдено и во испитувањата што Центарот за јавно здравје Велес.

Во тек се анализите од мострите на водата за пиење земени вчера.

бактерија вода ешерихија коли
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.