Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 03.06 до 05.06.2022) биле направени 2.257 тестови од кои регистрирани се 135 нови случаи на ковид – 19.
Сликата по градови е следна: Скопје – 93, Битола и Кавадарци – по 8, Прилеп, Охрид, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Неготино – по 2, Тетово, Кичево, Свети Николе, Дебар, Виница и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни 135, регистрирани се 25 реинфекции.
Во текот на изминатите 3 дена (од 03 до 05.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид – 19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица, информира Министерството за здравство. 
Бројот на активни случаи изнесува 475.