137 новозаразени од 2.303 тестови е билансот последното деноноќие од ковид-19, информира Министерството за здравство. По градови сликата изгледа вака: 
Скопје – 61, Битола – 39, Штип – 7, Кичево – 5, Кавадарци, Ресен и Берово – по 3, Прилеп, Тетово, Охрид, Гевгелија и Свети Николе – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни 137, регистрирани се 13 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица но, според Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 2 починати лица од Скопје, на 70 – годишна возраст а кои починале во периодот меѓу деветти и седумнаесетти април.
Бројот на активни случаи изнесува 553.