Published: Sunday, January 27, 2019 19:14
Најмалку 15 луѓе загинаа а 34 се повредени кога лавина се одрона врз хотел во градот Абанкај во јужниот дел на Перу.
Градоначалникот на Абанкај, Еваристо Рамос соопшти дека под притисокот на лавината, се урнале покривот и еден од ѕидовите на хотелот „Алхамбра“, каде во тоа време се одржувала свадбена прослава.
Според Рамос, на свадбата присуствувале околу 100 гости. Сите жртви биле гости на прославата.
Спасувачките екипи во моментов ги расчистуваат урнатините во потрага по преживеани, објавија локалните медиуми.
Во последниве неколку денови имало поројни дождови во областа и предизвикале лавина.




