Управниот суд денеска разгледа десет од 16 тужби, поднесени во врска со вториот круг од локалните избори.
Одлуките за овие тужби се очекуваат утре, додека другитешест ќе се разгледуваат утре.
До Управниот суд денеска заклучно до десет часот беа поднесени 16 тужби.
Единаесет од тужбите се од Алијанса на Албанците, четири од движењето „Беса“ и една од Народно движење за Македонија.
Управниот суд треба да донесе одлука по жалбите во рок од 48 часа по нивниот прием.
ДИК на седница ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори.