Повеќе од 40 послаби земјотреси за само еден час ја погодија Албанија, откако изутринава, околу 11 часот, во регионот на Тирана се случи потрес од 5,2 степени по Рихтер. Поради паниката голем број граѓани се надвор од своите домови, а сеизмолозите најавија и други потреси додека да се смири тлото. Засега нема информации за повредени, но веќе се евидентират оштетувања на објекти.
Според првичните информации, што ги пренесуваат албанските медиуми, епицентарот на земјотресот е на 28 километри северозападно од Тирана, во подрачјето на Драч и е со јачина од 5,2 степени. Засега нема информации за материјална штета, но голема вознемиреност земјотресот предизвикал кај туристите во Драч и Валона.
Земјотресот бил почувствуван во поширокиот Дебарски регион, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга.




