Српскиот претседател и врховен командант на Војската на Србија, Александар Вучиќ рано изутринава ја повлече наредбата за зголемена борбена готовност на силите за итно и брзо реагирање.
Наредбата за состојба на највисока борбена готовност на српската војска беше донесена на 29 септември, откако според српските власти, истиот ден повеќе десетици вооружени припадници на косовските специјални полициски единици -РОСУ влегле на северот на Косово и биле распоредени во непосредна близина на езерото Газивода.
Белград тврди дека ваквиот упад е спротивен на сите меѓународни договори, додека косовските власти тврдат дека околу браната имало стотина вооружени косовски специјалци, кои биле таму да ја обезбедуваат посетата на претседателот Хашим Тачи на северот на Косово.




