Најмалку 18 лица загинаа изутринава при уривање на станбена зграда во предградие на Каиро, соопшти египетската полиција. Спасувачките екипи трагаат по преживеани под урнатините, каде се претпоставува дека има уште луѓе.
Според првичните информации за шесткатната зграда која се наоѓа во сиромашниот кварт Ал Матарија, причина за несреќата е експлозија на гас во еден од становите, но претставници на градската власт претпоставуваат и дека до уривање на зградата дошло поради недозволена доградба на неколку дополнителни катови над оригиналниот градежен план.
При уривањето биле уништени и две соседни згради, кои имале заеднички ѕидови со шесткатницата.
Египетското Обвинителство побара да биде формирана специјална комисија при Министерството за градежништво, која ќе ја истражува несреќата.




