Околу 200 конгресмени од редовите на Демократската партија го тужат американскиот претседател Доналд Трамп пред федералниот суд, тврдејќи дека тој примал пари од странски влади преку своите компании, а без одобрение на Конгресот, што претставува кршење на Уставот на САД.
Во тужбата поднесена од најмалку 30 сенатори и 166 членови на Претставничкиот дом се наведува дека Трамп не барал одобрение од Конгерсот за ниту една уплата за стотината свои компании кои ги добивал од странски влади, откако во јануари ја презеде претседателската функција, иако според Уставот е должен тоа да го побара.
Двајца конгресмени кои ја потпишаа тужбата истакнуваат дека ова е досега најголем број чќленови на Конгресот кои тужеле некој од американските претседатели.
Белата куќа за сега не изнесе никаков коментар во врска со ова, но е соопштено дека деловните интереси на Трамп не претставуваат кршење на Уставот.
Организацијата на Трамп вети дека профитот од клиентите кои ги претставуваат странските влади ќе ги донираат во Министерството за финансии, но нема да побараат од тие клиенти да се идентификуваат.




