201 нов случај на Ковид-19, регистрирал Инситутот за јавно здравје во последното деноноќие. Направени биле 1986 тестови.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 37 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Куманово (75г) и Тетово (83г) и двете починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица од Охрид, Гостивар и Виница, на возраст од 43 години до 76 години.Пријавените лица се починати во период од 21.03.2022 до 26.03.2022 гоидна. Сите починале во болнички услови.

Кај сите петмина починати лица биле регистрирани коморбидитети, информираат од Министерството за здравство.

Регистрирани сe 249 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.178, бројот на оздравени пациенти е 295.237, на починати е 9.226, а бројот на активни случаи изнесува 1.715