Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

23 кандидати се пријавиле на конкурсот за Републички јавен обвинител

1
By Нова ТВ on October 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 2, 2017 15:37

Вкупно 23  кандидати  за државен јавен обвинител се јавиле на огласот што го распиша Владата  на  14 септември, а  завршува денес, објави „Судство.мк“. Последните три кандидатури пристигнале  денеска по пошта. Најголем број од оние што претендерираат на највисоката функција во Обвинителството се адвокати, поранешни и актуелни судии, обвинители.

Од позвучните адвокатски имиња се пријавиле: Ѕвонко Давидовиќ, Александар Тортевски, Еленко Миланов, Тони Менковски, Арбен Гоља, Кирил Смичковски, потоа, поранешниот судија Валентин Зафировски, поранешниот обвинител Александар Наков, судијата д-р Лазар Нанев…Од редот на обвинителската фела, кандидатура поднел и членот на Советот на јавни обвинители и  заменик во Републичкото јавно обвинителство, Љупчо Јовевски, како и обвинителката од организиран криминал, Лидија Раиќевиќ. На листата  на пријавени се и нотарката Лорија Ваневска, Сефула Османи, Крсте Крајовски и други.

Во правосудните кругови најголеми шанси му се даваат на Јовевски, како човек  од „внатре“, кому добро  му се познати проблемите на фелата. Јовевски  претходно работеше  и како судија и  четири години  беше претседател на Основниот суд-Скопје 2. Добро котираат и адвокатите Давидовиќ и Тортевски, но клучниот избор ќе  зависи од тоа дали ќе се оди на внатрешно или надворешно решение.

По пријавувањето на кандидатите, Советот на јавните обвинители потоа, по барање на Владата, во рок од 15 дена доставува образложено мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите.

Мислењето на Советот е обврзувачко за Владата, која пак предложените кандидати ги доставува до Собранието.

Ако Советот не даде мислење во рок од 15 дена, следуваат дополнителни 15 дена за мислење, по што, ако нема писмено известување, се смета дека мислењето е позитивно. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување јавен обвинител и може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.

Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години, со право на повторен избор.

Јавни обвинители конкурс пријавени Републички јавен обвинител судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.