Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„24 Часа“: Бугарскиот државјанин Салех по грешка ставен на листата на повредени во несреќата на автобусот на „Беса транс“

0
By НОВА ТВ Balaban on November 26, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: sofiaglobe.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 26, 2021 12:38

Бидејќи неговото име се најде на листата на повредените патници од несреќата на автобусот на „Беса транс“, произлегува дека од клиниката по грешка го внеле на тој список, наведува „24 Часа“, додавајќи дека Салех веќе е отпуштен од болницата.

Бугарскиот државјанин Сади Салех по грешка бил вклучен на листата на повредени патници од несреќата на автобусот на „Беса транс“, што се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија во вторникот во раните утрински часови, објави најтиражниот бугарски весник „24 Часа“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Салех се обратил до редакцијата на „24 Часа“, објаснувајќи дека нема никаква врска со несреќата на автопатот „Струма“. Салех изјавил дека е државјанин на Бугарија и дека во саботата бил примен на Одделот за трауматологија на Ургентната болница „Пирогов“ во Софија, поради скршеница на раката.

Бидејќи неговото име се најде на листата на повредените патници од несреќата на автобусот на „Беса транс“, произлегува дека од клиниката по грешка го внеле на тој список, наведува „24 Часа“, додавајќи дека Салех веќе е отпуштен од болницата.

Според извори на МИА од Софија, за Скопје веќе заминал тим од обвинители и истражители од бугарската Национална истражна служба, кои до властите на земјава официјално ќе  достават барање за правна помош. Според најавите од Софија, нивни домаќин ќе биде државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Се очекува на бугарските истражители да им бидат предадени собраните ДНК материјали од роднини на жртвите во автобуската несреќа и тие утре да се вратат во Бугарија, по што ќе започне споредувањето и идентификацијата со пронајдените 44 тела на загинатите македонски државјани во автобусот. По завршувањето на оваа постапка ќе следува пренесување на телата во земјава и предавање на нивните роднини.

Бугарскиот државјанин весник „24 Часа“ листата по грешка повредени Сади Салех
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.