Вчера попладне во 17.40 часот во ОВР Кичево било пријавено дека 24-годишниот Ј.Е. од кичевското село Зајас, при изведување градежни работи со градежна машина во двор сопственост на 69-годишниот Н.Г. од селото Србица, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што починал во болницата во Тетово, извести МВР.

Увид бил извршен и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.