Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

250.000 гледачи на берлинскиот филмски фестивал

0
By on February 15, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 15, 2013 12:01


Берлинскиoт филмски фестивал, во првата половина од неговото 63. издание привлече повеќе од 250.000 гледачи, и тоа оние што купиле билети.

Долгогодишниот директор на Берлинале, Дитер Кослик, е импресиониран од интересот на гледачите и нивниот ентузијазам за филмската програма, која ќе биде завршена на 17 февруари со свеченоста на доделувањето на наградите.

“Публиката беше љубопитна да се доживее различни форми на филмови што ги нуди филмскиот фестивал. Ние сме исклучително задоволни “, изјави Кослик, според соопштението на Берлинале.

И европски филмски маркет го продолжи успехот на претходните години, а се зголемува и интересот на учесниците за него.

Годинава, на Берлинскиот филмски фестивал се претставени вкупно дури 890 филмови, што е значајно повеќе отколку во 2012 година.

На Берлинале во натпреварувачката конкуренција на играни филмови се 19 остварувања, меѓу кои се и новите филмови на Стивен Содерберг, Гас ван Сант. Сепак, главни ѕвезди се француските диви Кетрин Денев, Жилиет Бинош и Избаел Ипер.

Тие играат во различни филмови – Бинош во филмот „Camille Claudel 1915“, кој зборува за францускиот скулптор, Денев игра во филмот „On My Way“, а Ипер во филмот „The Nun“.

Атмосферата се загрева пред финалето во недела, на црвениот килим на Берлиналето се појави и Џафар Панахи, познатиот ирански режисер кому во 2010 година, иранската влада му забрани да снима филмови и го осуди на затвор.

На годиненшиот фестивал пристигнаа неверојатно голем број ѕвезди. Уште на самото отворање Анџелина Џоли и Бред Пит, големата италијанска ѕвезда Орнела Мути, потоа Џејн Фонда, Енди Мекдауел, германската актерка со светска слава, Дајан Кругер, па Тим Робинс, Мет Дејмон, како и претседателот на Европската филмска академија, Вим Вендерс.

А ѕвездите постојано пристигаат. Во берлин сее Џејмс Франко, Кетрин Кинер, Итан Хоук и Џули Делпи, Жилиет Бинош, младите Аманда Сејфрид и Руни Мара, а пристигна и екипата на „Клетници“, кој има специјална проекција, и тоа: Хју Џекмен, Ен Хатавеј и режисерот Том Хупер.

Македонски филм нема во ниту една од програмите на Берлинале. Филмот “Трето полувреме“ имаше проекции на филмскиот маркет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.