Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април: Чавков, Лазаров и Мукоски ќе приложат дополнителни докази

0
By Нова ТВ on December 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На денешното рочиште треба да бидат изнесени дополнителните докази на одбраната на Митко Чавков, Душко Лазаров и Крсто Мукоски.

Дополнителни докази предложи одбраната на обвинетите Крсто Мукоски, Митко Чавков, Душко Лазаров, Мунир Пепиќ, Игор Југ и Александар Василевски Нинџа, но судијката Добрила Кацарска на минатото рочиште кажа дека  добила известување од УБК дека доказите на Пепиќ не се декласифицирани, а доказите предложени од Нинџа не се прибавени на законит начин и судот не може да ги прифати.

Вчера обвинетите Јане Ченто и Игор Југ се изјаснија дека нема да бараат амнестија, по донесувањето на Законот, туку бараат од судот да им пресуди.

Одбраната на Мукоски предложи да се изведат стенографски белешки од неколкуте продолженија на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија од април минатата година.

Нема преквалификација на делото

Законот за амнестија за да стапи на сила треба да биде потпишан од Иванов. Ако го потпипе, законот ќе биде објавен во Службен весник, по што веднаш ќе стапи во сила и ќе се знае кои од учесниците во настаните од 27 април минатата година, доколку побараат, ќе можат да добијат амнестија.

Секој од осомничените, обвинетите или осудените ќе треба сам да побара амнестија во рок од пет дена, а Судот и Обвинителството ќе имаат рок од исто така од пет дена за да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.

Обвинителката Вилма Рускоска вчера рече дека нема да има преквалификација на делото за настаните од 27 април. Таа не е задоволна од Законот за амнестија, но ќе го спроведува.

„Преквалификација на делото  нема да има за тие лица кои не се опфатени со амнестијата, затоа што не важи амнестијата за целото кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, рече Рускоска.

За оредени делови од Законот кои не се прецизирани, Рускоска најави консултации со Јвниот обвинител и со други обвинители.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

27 април дополнителни докази
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.