Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април: Сведокот не можеше да се сети какви наредби давал Чавков

0
By Соња Петрушевска on December 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судијката што го води судењето за 27 април Добрила Кацарска го испрашува сведокот кој е повикан од Митко Чавков, Никола Димитриевски, кој во обезбедувал.

Тој рече дека Чавков имал три канцеларии во Технометал Вардар, но дека не знае дали се на МВР. Кацарска праша во колку часот сведокот го слушнал Чавков дека дава наредби од канцеларијата на Технометал Вардар, а тој одговори околу 19 часот.

Сведокот рече дека слушнал како Чавков зборува на телефон со Влатко кој бил командант на единицата за брзо распоредување и давал команди, но на прашањето на Кацарска, какви команди давал, сведокот рече дека не може да се сети.

Судијката праша и како сведокот не може да се сети на ниту една команда, а самиот рече дека вратата не била блиндирана и се се слушало, на што тој одговори дека поминал подолг период и затоа не може да се сети.

Сведокот кој е вработен во МВР и му бил обезбедување на Чавков претходно кажа и дека Чавков давал наредби на началникот Сашо Митески во штабот во МВР во граничната полиција каде што Чавков пристигнал околу 20 часот.

Судијката праша дали таму бил Агим Нухиу, министерот за внаттешни работи, а сведокот рече: ,,Мислам да, ама не сум сигурен, имаше многу луѓе“.

Кацарска праша и дали имало разговор меѓу Нухиу и Чавков, но сведокот рече дека не слушнал што зборуваат.

Претходно, Александар Василевски Нинџа го испрашуваше сведокот на Митко Чавков, Димитриевски, откако тој сведочеше дека Чавков во времето кое Нинџа го посочи во неговото сведочење, не бил во ВМРО ДПМНЕ, туку во канцеларија што ја имал во Технометал Вардар. Нинџа праша дали паркингот во Технометал  Вардар е ист со паркингот кој го користи ВМРО ДПМНЕ.

Сведокот рече дека Технометал Вардар и ВМРО ДПМНЕ користат ист паркинг.

Никола Димитриевски кој бил обезебедување на Чавков претходно кажа дека Чавков го оставиле во Технометал Вардар. На минатото рочиште Нинџа сведочеше дека Чавков по 18 часот го видел во штабот на ВМРО ДПМНЕ како телефонски разговара и дава насоки на Митко Пешев и други лица пасивно да делуваат.

Нинџа, пред да заврши со директното испрашување на сведокот, констатираше дека ,може да заклучи дека обезбедувањето на 27 април не го чувале добро Чавков, затоа што тој бил во штабот на ВМРО ДПМНЕ од 18 и 20 до 19 и 15 минути“.

 

 

27 парил кацарска Нинџа Чавков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.