Published: Wednesday, April 15, 2015 12:53
При тврдо слетување на авион “Ербас А320“ на јужнокорејската компанија “Ејжан ерлајнс“ во Хирошима во Јапонија, повредени се 27 патниви и членови на екипажот.
Поради лошите временски услови, авионот во маглата и дождот срушил една од антените на аеродромот и потоа исклизал стотина метри од пистата.
Сите 73 патници кои биле во авионот и осумината членови на екипажот излегле со тобоганот за принудно напуштање на авионот. Повредени се 25 патници и двајца членови на екипажот.




