Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Малиџано“ – нова премиерна претстава во Битолскиот театар

0
By Biljana on March 18, 2022 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 18, 2022 14:04

Театарската претстава „Малиџано“ е нов проект, пиеса, работена според текст и документарни материјали на Билјана Крајчевска, која премиерно ќе биде изведена на големата сцена на НУ Народен театар-Битола.

Според директорот на Битолскиот театар Иван Јерчиќ, претставата „Малиџано“ е доказ дека се негува македонската драматургија и по подолго време се поставува на сцената на театарот во Битола.

„Драматургијата произлегува од моментот во кој се наоѓа, меѓу еден профитабилен и корумпирачки свет во кој секојдневно се донесуваат импулсивни сомнителни одлуки. Човештвото, светот денес се наоѓа во здравствена, економска криза и војна, и во таква ситуација деликатно е да се навезе една таква драматургија која што ќе произлегува од лични приказни на актерите. Но, важно е и покрај се што ни се случува, да не се откажуваме и да продолжиме да живееме раскажувајќи ги нашите приказни“, истакна драматургот и текстописец на претставата Билјана Крајчевска.

Во претставата „Малиџано“, чиј режисер е Софија Ристевска Петрушева, главната улога ја толкува актерката Маја Андоновска Илијевски, а заедно со неа ќе настапат и Никола Пројчевски, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Никола Стефанов, Анастазија Христовска, Живко Борисовски и дебитантот на театарската сцена Валентин Дамчевски.

„Само високо свесните и високо интелигентните луѓе можат да се шегуваат на своја сметка, а оваа претстава го прави токму тоа. Во претставата говориме за многу работи, но низ призмата на самоиронизирање, низ хумор кој на моменти станува црн хумор. Кога ќе помислиме дека последниве години живееме во едно многу чудно секојдневие, кое не оптовари до тој степен за луѓето да заборават да се смејат, тогаш слободно ќе речам дека ова е претстава која потсетува дека ако ти е лошо-ќе ти помине, ако ти е добро-повторно ќе помине, утре е нов ден, се тече се се менува… но работите кои што понекогаш ни се чини дека се многу едноставни, обични и загаратирани, потсетуваат дека ништо не ни е загарантирано, животот е променет“, изјави актерката Андоновска Илијевски.

Театарската претстава „Малиџано“ е поддржана од Министерството за култура.

Малиџано Народен театар-Битола Театарската претстава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.