Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

34. фестивал Браќа Манаки ќе го отвори филмот на Игор Иванов

0
By on May 15, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 15, 2013 12:26

Новиот филм на македонскиот режисер Игор Иванов Изи „Соба со пијано“ ќе го отвори 34. издание на Фесивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, кое годинава ќе трае од 14 до 20 септември.

Покрај „Мајки“ и „Трето полувреме“, „Соба со пијано“ е трет македонски филм во
последните четири години што ја има честа да се прикаже на свеченото отворање.
Цело време настојувавме да создадеме традиција, не само да ги прикажеме
домашните наслови, туку и да ги добиеме премиерите на најважните македонски
филмови. Од година во година, задачата стана сѐ полесна да се реализира.
Самото тоа веќе доволно говори колкаво значење има Фестивалот во очите на
нашите автори. И овојпат ќе се обидеме на црвениот тепих во Битола да ја
пречекаме целата филмска екипа на „Соба со пијано“ и да имаме подеднакво богато
издание – вели директорката на Фестивалот, Лабина Митевска.

И режисерот Иванов, на прес конференцијата, денеска, откри детали за својот нов филм

– Среќен сум што македонската премиера, во духот на традицијата, ќе се случи на
најстарото и највредното интернационално филмско случување, фестивалот
„Браќа Манаки“. Оваа студија на епизодни карактери, поместена на единствена
локација е огледало на сета хипокризија, апсурд и на сета декаденција на
генерацијата на која _ припаѓаме и искрено верувам дека со сопствената
актуелност, естетска рамка и со уникатноста ќе успее да допре до различните
генерациски, социјални и културни нивоа на македонската кино-публика.

„Соба со пијано“ обединува извонредна интернационална авторска и актерска екипа на која сум бескрајно благодарен на безрезервниот влог во проектот, особено во
доменот на актерската игра, на фотографијата и на музиката, кои на проектот му
овозможуваат вонредна артистичка и продукциска вредност – рече Изи.

Беше презентиран и годинашниот креативен изглед кој повторно е реализиран од маркетинг агенцијата Футура 2/2. Држејќи чекор и со традицијата и со иновацијата, Фестивалот врти нова страница во својот креативен идентитет, којпродолжува со мотото „Пушти ја светлината“. Целокупниот дизајн е инспириран од играта со светлината, што е клучот и на кинематограферската уметност.

– Светлината е главната алатка на секој кинематографер. Светлината е магијата
на филмското платно, двигател на подвижните слики. Поради тоа се одлучивме
ова мото да го носи најстариот филмски фестивал посветен на
кинематограферската професија. Заедно со Футура 2/2, оваа година се обидовме
да донесеме една свежина, оригиналност, топлина, еден уметнички исказ во
решението на плакатите и на целото визуелно осмислување на Фестивалот –
рече директорката Митевска.

„Соба со пијано“ е приказ на различни животни судбини доведени на оваа единствена локација од чиј ракурс можат да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење. Фрагментите од животите на овие „егзистенцијалистички“ карактери се сосем доволни пред нашите очи да истече целиот нивен животен пат. Мотивите се претвораат во фрустрации, амбициите и мечтите водат кон пропаст. Иако нималку слични, претставници на сосема различни социјални и културни групи, овие ликови се обединети во бесмислата на животот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.