Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

40 жени годишно умираат од рак на грлото на матка-ПАП тестот неопходен

0
By Нова ТВ on November 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 21, 2018 15:19

Во просек околу 40 жени секоја година умираат од рак на грлото на матката. Жените треба да прават превентивни прегледи и секоја втора година да бидат опфатени со скринингот за превенција и рано откривање на ракот на грлото на матката и да направат ПАП тест со цел да се откријат клеточните абнормалности и ако има развиен рак тоа да биде во рана фаза. Во Македонија се уште мал број жени се вклучуваат во организираниот скрининг. Осум случаи на рак на грлото на матката се откриени од јануари до септември преку организираниот скрининг со ПАП тест.

Ова денеска на прес-конференција го истакнаа проф.д-р Елена Ќосевска и м-р д-р Силвана Ончева од Институтот за јавно здравје на Република Македонија на презентацијата на резултатите од скринингот за превенција и рано откривање на ракот на грлото на матката.

Ќосевска рече дека најчести новооткриени случаи се оние со рак на дојки, по што следат случаите со рак на матката, дебелото црево, белите дробови и желудникот.

– Изминатата година 30 лица починале од рак на грлото на матката, што е најнизок број споредено со последните десет години. Жените и посебно оние од ранливите групи треба да прават редовни контроли кај гинеколог за кои дел од ПАП тестирањата се бесплатни според превентивната програма за одредени возрасни група. Оваа година тоа се жени на возраст од 24 до 25 години, додека за догодина ќе бидат жени на возраст од 36 до 60 години, како и оние кои изминатата година не направиле такво тестирање, додаде Ќосевска.

Ончева рече дека ракот на грлото на матката се појавува кај помладата возрасна група.

–  Од вкупниот број  регистрирани смртни случаи од рак на грлото на матката кој изнесува 30, има случај на млада жена која починала на возраст од 25 до 27 години. Во првите девет месеци од годинава биле направени 31.630 ПАП тестови. Оваа година кај возрасната група од 24 до 35 години откриени е рак на грлото на матката кај пет жени во рамки на организираниот скрининг и тоа во Битола, Кочани, Скопје и Струмица, додека кај возрасната група од 36 до 60 години откриени се три случаи на инвазивен плочест карцином во Куманово, Охрид и Ресен, потенцира Ончева.

ХПВ вирусот, кој е најчеста можна причина за појава на рак на грлото на матката кај возрасната група од 24 до 35 години, посочи таа, учествува со 41,6 проценти од вкупните клеточни абнормалности, што е многу висок процент, додека кај возрасната група од 36 до 60 години со околу 30 проценти.

– Најчесто застапен е ЦИН 1 со 32,4 проценти од вкупниот број клеточни абнормалности вклучувајќи ги и малигните неоплазми. Има висок процент на откриени клеточни абномалности. Кај возрасната група од 36 до 60 години речиси 14 проценти од испитаните жени имале некаков вид клеточни абнормалности, додека кај возрасната група од 24 до 35 години 8,7 проценти имале некаков вид клеточни абнормалности, додаде Ончева.

биланс на жртви превенција Рак на грло на матката скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.