Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Француската Влада на Бајру пред гласање за недоверба

0
By Marija Todorovska on July 1, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Француската малцинска Влада на премиерот Франсоа Бајру денеска треба да се соочи со гласање за недоверба во Националното собрание, јави ДПА.

Предлогот против централно-десничарскиот кабинет на Бајру го поднесоа социјалистите поради незадоволство од пристапот на премиерот кон прашањето за пензиската реформа, додава германската агенција.

Набљудувачите очекуваат гласањето да не успее и владата да остане на власт, бидејќи крајно десничарските националисти предводени од Марин Ле Пен немаат намера да ја повлечат својата поддршка за владата.

Во заднината на спорот се консултациите иницирани од Бајру во врска со амандман на контроверзната пензиска реформа од 2023 година, која првично му ја обезбеди на Бајру подршката од социјалистите. Меѓутоа, консултациите не успеаја и како резултат на тоа, социјалистите поднесоа предлог за гласање за недоверба. Тие го обвинуваат Бајру дека го прекршил дадениот збор за оваа реформа и повеќе не стои на ветувањето дека парламентот ќе го има последниот збор за сите потенцијални промени во пензиската реформа, пренесува ДПА.

Пензиската реформа предизвика масовни протести во Франција на почетокот на 2023 година. Суштината на клучната реформа на претседателот Емануел Макрон беше постепеното зголемување на возраста за пензионирање од 62 на 64 години.

Ле Пен Макрон недоверба на Влада пензии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.