Последниот ковид биланс на Министерството за здравство регистрира 46 нови случаи на Ковид 19 и 14 починати пациенти. Осуммина од починатите се од Скопје, по двајца од Гостивар и Кичево и по еден пациент од Куманово и Тетово. Од пријавените, 6 лица починале дома, а останатите 8 во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања. Регистрирани се и 147 оздравени пациенти.
Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје 1025, по што следат Куманово 235, Охрид со 181 и Битола со 179 активни случаи на Ковид 19.