Дуња Иванова: Коста Бланка не беше трка.
Беше концерт.
Замислете сцена. На пример ,,Palau de la Música Catalana”.
Патеката како жива клавијатура што се движи без милост, а вие ја свирите ,,La Campanella” во бескраен луп.
Брзо, прецизно, немилосрдно.
Не простува импровизации.
Нема пауза.
Има пеколен ритам што те води и концентрација што те спасува од грешки.
И баш кога ќе помислиш дека си на вистинската фреквенција животот ќе ти смени тоналитет.
Те турка токму кога си влезен во ритам.
Дефекти, карпи, дропови, ѕидови, кривини кои ниту една интуиција не ги претпоставува, дисторзија на нервниот систем …
Ама продолжуваш.
Оваа патека ме научи дека издржливоста и ранливоста одат заедно.
Зашто силата не е да не те боли, туку да продолжиш и кога боли.
Учењето од најдобрите не е лекција на табла, туку борба рамо до рамо на секој камен, секое брдо, секој пеколен спуст.
Секој опис е излишен.
Ова не се раскажува, ова се доживува, се преживува и се издржува, и покрај милион причини да застанеш.
И да! Зад секоја „соло изведба“ стои тим.
Луѓе позади објективот што ги фаќаат и радоста и солзите, и сонцето и темницата и моментите на тишина кога ти се руши внатрешниот дијалог.
Оние што ќе ти кажат, оди, дај се’ од себе и врати се, тука те чекаме исти, убави, насмеани.
Без сите нив, сцената би била празна.
Не беше совршено. Ама беше вистинско.
Сезона со пеколен старт, Енерџи за Македонија со пласман и нови бодови на Светската УЦИ ранг листа. Одиме напред, уште посилно и за сите нас!
Извор: Фејсбук



