Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски парламент: Без спроведување на договорот со Бугарија нема напредок кон ЕУ

0
By Zoran Ivanov on March 12, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 12, 2026 12:47

Брисел и Европскиот Парламент повторно укажуваат дека уставните измени поврзани со внесување на Бугарите во Уставот остануваат дел од условите за продолжување на пристапните преговори.

Биљана Јордановска

Европскиот парламент на 11-ти март 2026 усвои Извештај/Резолуција за политиката на проширување на ЕУ, во кој повторно се нагласува дека процесот на пристапување мора да остане строго базиран на заслуги и реформи, без политички „брзи решенија“. Резолуцијата беше усвоена со 385 гласа „за“, 147 „против“ и 98 воздржани.

Во документот европратениците нагласуваат дека нема кратки патишта кога станува збор за вредностите и основните принципи на ЕУ и дека проширувањето мора да биде мерит-базиран и реверзибилен процес, што значи дека напредокот на секоја држава зависи од реформите и почитувањето на европските стандарди.

Во документот се повторува дека процесот на пристапување кон ЕУ е мерит-базиран и заснован на владеење на правото, демократски стандарди и почитување на меѓународните договори. Европратениците нагласуваат и дека „нема кратки патишта“ кога станува збор за основните принципи на Унијата.

Со други зборови, европската интеграција не може да се темели на политички импровизации или на надеж дека договорените правила ќе се променат ако се смени власта во некоја земја членка или во Скопје.

Договори што не можат да се избришат

Во резолуцијата повторно се нагласува дека Северна Македонија треба да продолжи со спроведување на договорите со соседите, пред сè Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Овие договори одамна не се само билатерални политички документи. Тие се инкорпорирани во преговарачката рамка на ЕУ, што значи дека се дел од официјалните услови за напредок во пристапните преговори. Оттука, секој обид тие да се третираат како „преговарачки материјал“ за нови политички договори е, во суштина, политичка илузија.

Политичкиот наратив во Северна Македонија

Владата на Христијан Мицкоски, односно самиот премиер, во повеќе наврати најавуваше дека ќе бара „подобро решение“ од она што беше договорено во европската преговарачка рамка во 2022 година.

Но резолуцијата на Европскиот парламент покажува дека во Брисел не постои политичка волја за отворање на веќе договорениот пакет. Напротив, пораката е дека правилата на игра се познати и дека напредокот зависи од нивното спроведување.

Во таа рамка, уставните измени – односно внесувањето на бугарската заедница во Уставот – остануваат формален предуслов за отворање на следната фаза од пристапните преговори.

Тоа ја става домашната политичка сцена во веќе позната ситуација: Владата ја одложува одлуката, опозицијата ја користи темата за политички притисок, надевајќи се дека со тоа нешто ќе се постигне, а европскиот процес и понатаму останува блокиран.

Пораката е јасна, но за кого? 

Европскиот парламент во резолуцијата истовремено испраќа и поширока порака: проширувањето на Унијата кон Западен Балкан е геополитички интерес на Европа, но тоа не значи дека критериумите ќе бидат релативизирани.

Европратениците предупредуваат дека процесот на проширување е реверзибилен, што значи дека назадување во демократијата, владеењето на правото или медиумските слободи може да доведе до забавување или замрзнување на преговорите.

Брисел и Европскиот Парламент повторно укажуваат дека уставните измени поврзани со внесување на Бугарите во Уставот остануваат дел од условите за продолжување на пристапните преговори.

Останува на Северна Македонија да одлучи. Не толку за тоа дали земјата сака членство во ЕУ – што формално го поддржуваат речиси сите политички актери – туку дали постои реална подготвеност да се преземат неопходните чекори што тој пат ги подразбира.

Старото прашање со нова тежина

Резолуцијата на Европскиот парламент не ја менува суштината на процесот, но ја прави дилемата уште поочигледна. Европскиот пат на Северна Македонија и натаму е отворен, но условите за движење по тој пат одамна се поставени. Сè друго, барем засега, останува повеќе дел од домашната политичка реторика отколку од реална европска политика.

Но, овојпат европатенците дадоа и јасно предупредување – непроширувањето можеби скапо ќе ја чини Унијата, отколку прием на нови членки. Но, доколку има демократско назадување преговорите може да се замрзнат или да се вратат назад. Пристапот мора да остане строго заснован на заслуги и исполнување на критериумите, што значи дека секоја земја кандидат напредува според спроведените реформи.

Со други зборови, Владата и Мицкоски европската интеграција не можат веќе да ја темелат на политички импровизации или на надеж дека договорените правила ќе се променат.  Не можат веќе да балансираат меѓу проевропската ориентација и домашниот политички отпор кон уставните измени и бугарските услови, барајќи „дополнителни гараниции“ и „подобро решение“ оставајќи ја дебатата отворена за политички препукувања. Брисел е јасен во своите барања. Всушност и Мицкоски е јасен – додека тој е премиер Бугари нема да влезат во Устав.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

Биљана Јордановска ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.