Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

0
By Zoran Ivanov on May 5, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 5, 2026 15:21

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации денеска беа кажани од повеќе јавни личности и функционери, како дел од одбележувањето на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и воедно јубилејот 80 години од излегувањето од печат на првата „Македонска граматика” од Круме Кепески

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека македонскиот јазик е темелот врз кој се издигнува нашата духовна и национална самобитност.

Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја, чувар на колективната меморија и најсилен израз на нашата културна и национална посебност. Во неговите зборови се вткаени борбите, надежите и стремежите на генерации кои го граделе и зачувале нашето постоење, рече Мицкоски.

Нашата должност денес, како што посочи премиерот, е јасна и возвишена да го негуваме, унапредуваме и достоинствено претставуваме македонскиот јазик, како дома, така и на меѓународната сцена.

Mинистерот за култура и туризам Зоран Љутков истакна дека македонскиот јазик има непроценлива вредност, како темел на националниот идентитет и културното наследство.

Љутков нагласи дека македонскиот јазик е жив израз на нашето постоење, историја и духовност, кој се пренесува низ генерациите и ја отсликува силата и истрајноста на народот.

Денеска го славиме јазикот што дише во нас. Денеска се слави македонскиот збор, чист и бистар како планинско езеро, во кој се огледува нашата вековност. Во него се впишува нашето постоење. Во секој слог трепери нашиот културен бескрај. Во секоја реченица се реди една тивка, но непобитна вистина, дека сме тука, дека говориме и дека траеме. Македонскиот јазик е наш дом. Дом на нашата мисла, нашите чувства, на нашите сеќавања, рече Љутков.

Македонскиот јазик не се мери со бројот на говорници, додаде тој.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, истакна дека македонскиот јазик е едно од најголемите национални богатства и основа на македонскиот идентитет.

Таа потсети дека на 5 мај 1945 година е озаконета азбуката на македонскиот јазик, врз принципот „еден глас – една буква“, како дел од континуитетот на богатата писмена и усна традиција.

Чувањето на јазичното наследство е долг на сите нас – не само институционална, туку и лична одговорност, порача Јаневска.

Претседателката на собраниската Комисија за култура и туризам, Саранда Имери-Стафаи посочи дека фокусот на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик годинава е насочен кон една суштинска алка на општеството – изучувањето на јазикот во образованието.

ден јазик македонски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.