Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“5:17” – независна претстава за скопскиот земјотрес

0
By Нова ТВ on June 21, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 21, 2013 13:58

Вондерленд театарот од Скопје на 23-ти јуни, недела во 22 ч. ќе ја одржи премиерата на својот нов проект – претставата посветена на 50 годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, просто наречена “5:17”.

Нела Витошевиќ, овогодинешниот победник на наградата за најдобра режија на фестивалот “Војдан Чернодрински” поставува текст на Ана Ристоска заедно со актерска екипа составена од Драгана Костадиновска, Дениз Абдула и Стефан Вујисиќ.

Проектот “5:17” е во процес на работа од почетокот на јануари 2013 година, а се поставува во кафулето Интро, кај старата железничка станица, како спомен, симбол на предземјотресно Скопје.

Преку својот носталгичен поглед на „старо Скопје“ претставата ќе има за цел да не потсети на трагичната загуба во која 1070 жители загинале, а скоро 80% од градот бил срушен. Секој гледач на оваа претстава емотивно ќе се пронајде и поистовети со трагичниот настан, но и ќе се потсети на некогашните хумани вредности.

Покрај освртот кон историските настани, претставата поставува важни прашања за развојот на денешно Скопје.

Оваа претстава е четврт проект на независниот театар Вондерленд, кој опстојува веќе трета година по ред и досега двапати зема учество на фестивалот МОТ, освојувајќи ја главната награда за најдобра претстава од независната македонска театарска сцена, во 2011 година.

Претставата е дел од “Скопско Лето“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.