Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени биле  1.185 тестови, а регистрирани 53 нови случаи на КОВИД-19.
По градови сликата изгледа вака: Скопје – 38, Битола – 6, Куманово – 2, Тетово, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Берово и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа  не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (53г) и Охрид (78г), починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 03-08.05.2022 година
Бројот на активни случаи изнесува 432.