Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кирацовски: Криминал при набавката на компјутери за в училиште

28
By Нова ТВ on March 31, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество, Александар Кирацовски информира дека има сериозни индиции за вмешаност на Министерството за информатичко општество и администрација во незаконски тендери.

– Станува збор за наоди на профит од стотици, па до милиони евра, што завршувале, според документите што ги имаме, кај неколку компании блиски до фамилијата на власт, изјави Кирацовски.

Како што вели тој, некои од информациите упатуваат на коруптивна и криминална позадина на дел од т.н. проект „Компјутер за секое дете“, што се реализираше преку МИОА.

Според документите со кои располага тој, Министерството за информатичко општество и администрација дозволило да биде избран поскап понудувач за набавка на лаптопи за учениците, иако постоел друг понудувач, којшто понудил иста конфигурација на компјутерите, а разликата во цена е скоро 2,3 милиони евра.

Се барало едно во тендерската документација за набавка на компјутерите, друго стоело во одлуката за примопредавање објавена во Службен весник а сосема трето било испорачано.

Во тендерската документација се барало компјутери со меморија на хард диск од 80 GB, во објавата во Службен весник истите компјутерите имаат хард диск со меморија од 4 GB, а во реалноста, испорачаните компјутери имаат хард диск од 8 GB.

 

Prezentirani dokumenti_Page_4

 

– Има и други нерегуларности во процедурите за набавка на лаптопите, но она што денеска сакам да го нагласам е веројатниот  криминал тежок над 200.000 евра, дополни тој.

Според тендерската документација и договорот, платени биле 53.000 лаптоп компјутери за учениците, но до образовните установи биле доставени 51.979, или точно 1.021 компјутер помалку.

Ова значи дека околу 200.000 евра од платените но неиспорачани компјутери завршиле во нечии џеб.

– Овие индиции кои произлегуваат од документите кои ми беа доставени на увид ќе послужат во следните чекори што ќе ги преземеме за веројатните злоупотреби во коишто се оштетени граѓаните, порача дополнителниот-заменик-министер.

„Компјутер за секое дете“ Кирацовски криминал тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.