Published: Sunday, April 10, 2016 10:13
https://www.youtube.com/watch?v=QpZFJFE95Xs
Најмалку 100 луѓе загинаа, а 200 се повредени при експлозија и пожар од огномет во хинду-храм во индиската држава Керала, соопшти полицијата.
Огномет, кој бил складиран за да се користи за прослава, експлодира синоќа.По експлозијата хработ се разурнал, предизвикувајќи голем број на смртни случаи, а повеќе од 200 лица се повредени.
Противпожарната служба успеала да го совлада огнот. Сите повредени се пренесени во блиските болници.
Според извештаите на медиумите, храмот е целосно уништен. Полицијата веќе ги предупредува вработените во храмовите за опасноста од правење на огномет и ги повика да ја ограничат употребата на огнометот.




