Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

6 скулптури и 80 графики од Хенри Мур во МСУ

0
By on April 11, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 11, 2013 14:39

Шест бронзени скулптури-минијатури и 80 графики (бакрописи и литографии) на големиот англиски уметник на 20 век Хенри Мур, ќе можат да се видат во Музејот на современа уметност, на изложба што ја организира Британскиот совет во Македонија.

Изложбата „Хенри Мур: Графичарот“ ќе биде отворена идниот четврток и посетителите ќе може да ја видат до крајот на мај. Делата доаѓаат директно од Лондон, од централата на Британскиот совет, која поседува збирка од над 200 уметнички трудови на познатиот графичар и вајар кој на Советот му ги донирал во 1984 по повод половина век од неговото постоење.

Директорката на Британскиот совет во Македонија, Елеонора Запрова, рече дека делата на Мур прво ќе гостуваат во Скопје, а потоа ќе патуваат во околните земји – Црна Гора, Албанија, Србија. Иницијативата произлегла во јуни минатата година, кога Британскиот совет во Скопје, во соработка со Музејот на современата уметност, беше организатор и на изложбата „Прагови“, на која беа претставени 80 дела од 34 британски автори по повод дијамантскиот јубилеј од владеењето на кралицата Елизабета Втора.

Мур, кој правел големи скулптури за отворени простори, во МСУ ќе биде претставен со дела во помали димензии што ќе се вклопат во затворен амбиент, од кои две минијатури се макети што ги направил за своите големи скулптури „Мајка со дете“ и скулптурата „Knife Edgy“.

Гостин на отворањето на изложбата на 18 април ќе биде Дејвид Мичинсон, куратор на изложбата на Мур и поранешен раководител на фондацијата „Хенри Мур“, кој долго соработувал со уметникот. Следниот ден во МСУ тој ќе одржи предавање „Работејќи со Хенри Мур“. На отворањето ќе присуствува и директорот на Британскиот совет за Западен Балкан Тони О’Брајан.

Директорката на МСУ, Елиза Шулевска истакна дека се работи за настан од големо значење, кој е вон програмските активности на Музејот. Очекува интересот на јавноста да се зголемува во наредната седмица и оти од тоа ќе зависи дали Музејот ќе го продолжи вообичаеното работно време по 17 часот.

Покрај изложбата, за која фондацијата „Хенри Мур“ подготви каталог, до 31 мај ќе има и придружна програма во МСУ – работилници за млади кои ќе творат инспирирани од делата на Мур, како и едночасовен филм „Уметноста на Хенри Мур“.

Делата на Мур се дел од богатата јавна збирка од 9.000 творби на британски уметници што ги има централата на Британскиот совет во Лондон. Таа се нарекува „Музеј без ѕидови“ зашто не е постојана поставка туку се претставува на патувачки изложби низ светот, во соработка со локалните канцеларии на Британскиот совет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.