Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шарената револуција продолжува

0
By Нова ТВ on April 20, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Балони со разни бои вечерва се фрлаа врз седиштето на градската администрација и Кабинетот на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, а низ скопските улици и тараби со шаблон се испишуваат графити „#Шарена револуција“ .  Додека државата не застане на  „свои нозе“, додека сите  оние кои се огрешиле пред Законот не одговараат, протестите во Македонија нема да стивнаат без разлика и на тоа дали ќе има преговори неделава во Виена, порачаа демонстрантите на денешниот – деветти по ред протест во Скопје по одлуката на Иванов за колективна аболиција на политичарите.

Со сплотени македонски и албански знамиња, транспаренти со ликот на обвинителката Фатиме Фетаи и свирежи, демонстрантите традиционално протестот го започнаа пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Како што демонстрантите се движеа кон Собранието, така сè повеќе се засилуваше скандирањето со „Нема правда, нема мир“. По пат, поминувајќи покрај Министерството за правда и Народната канцеларија на претседателот, граѓаните на разглас ја повикуваа полицијата да им се приклучи.

Иако Собранеито беше под засилено полцииско обезбедување, пристапот на улицата беше слободен за протест.. Отспротива, сè уште стоеа боите врз Триумфалната порта која на изминатите протести беше исшарана од демонстрантите.

-Нè напаѓаат зошто ја бојадисуваме Триумфалната порта, а они не се свесни дека потрошија 4,4 милиони евра за неа… поради сиве овие суми од проектот Скопје 2014 ние немаме леб, немаме пари и кога ќе не прашаат зошто протестираме, ние имаме едно да им кажеме – ЗА СЛОБОДА! Секогаш се прашував зошто претседателот Иванов никогаш не излегува јавно и не зборува, но после овие негови гафови сфатив дека најпаметно е за него никогаш да не излезе повеќе и засекогаш да молчи. Овде не делиме сендвичи, не делиме пијалоци, туку делиме, мир, слобода, достоинство и чест, рече студентот Рашо Радулов.

Од Собранието, демонстрантите преку плоштадот Македонија се упатија кон Владата, а оттаму протестот заврши пред бараките на Град Скопје.

naslovna-sarenarevolucija

Демонстрантите обединети под граѓанската палтформа #Протестирам бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и е покренато обвинение од Специјалното обвинителство. Се бара итна и неотповиклива оставка на Иванов од функцијата претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, како и  формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите на СЈО.

Дел до барањата исто така се и итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5. јуни, задолжително присуство на претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата. Тие сметаат дека процесот на решавање на кризата треба  да се одвива на територијата на Македонија и тоа  сè додека не се формира преодна Влада која ќе ги имплементира реформските приоритети од Извештајот на Прибе.

-До исполнувањето на нашите барања нашата политичка борба останува на улиците, нема правда нема мир, порачаа демонстрантите.

sharenata
Демонстрант

Освен во Скопје, протести денеска се одржаа и во Прилеп, Велес, Штип, Струмица, Охрид, Кавадарци и Кочани.

#Шарена револуција протестирам Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.