Околу 630.000 лица нелегално ги минале границите на ЕУ во текот на оваа година. Вели Фабрис Леџер, шефот на Фронтекс, европската агенција за мониторинг на границите за француската медиумска група Ебра.
“Регистриравме околу 630.000 нелегални преминувања на границуте до крајот на септември”, вели тој во интервјуто кое ќе биде објавено утре во локалните весници на Алзас во Франција.
ЕУ одржува самит на 15 и 16 октомври посветен на бегалската криза. Според шефот на Фронтекс, земјите членки мораат да разберат дека е покорисно да испратат полицајци на надворешните граници на ЕУ наместо да ставаат стотици полицајци на нивните национални граници. Вистинската граница на Франција се наоѓа во Винтимиле, Лампедуза, Лезбос или Мелила, вели тој.
Секоја земја членка ја менаџира оваа бегалска криза самата и без координација со своите соседи. Така, вели шефот на Фронтекс, бранот бегалци минува од една во друга земја и тоа е на штета на сите.
Тој смета дека во Грција Фронтекс треба да има персонал од една или две илјади полицајци на надворешните граници за да им се помогне на грчките власти: “Така би имале спектакуларен ефект врз оваа криза”.
Самитот на ЕУ другата недела ќе се задлабочи врз креирање на таканаречените “хот спотови” во Грција и Италија за прием на мигрантите кога стасуваат во Европа каде што ќе се прави евалуација на нивните барања за азил.
Според Леџер, помеѓу мигрантите чии што барања за азил се одбиени, само 39 отсто се враќат во нивните земји поради одбивањето на земјите на потекло да ги земат назад нивните граѓани. Шефот на Фронтекс смета дека во тие “хотспотови” треба да има места на кои ќе остануваат мигрантите со отрфлено барање за азил и само така ЕУ ќе може тие луѓе да ги враќа во нивните земји.




