Ден по завршувањето на најужасната терористичка епизода во поновата историја на Франција, речиси 700.000 луѓе денес спонтано излегоа на улиците низ земјата, да им оддадат почит на 17.те жртви на џихадистите.
Утре ќе се одржи историски марш за солидарност на светските лидери, кои ќе се обезбеди со силна безбедносна заштита.
Учесниците на протестот во сабота во многу француски градови во рацете носеа моливи, како и насловната страница на неделникот Шарли Ебдо, чии новинари во средата загинаа во крвавите напади, како и транспаренти на кои пишуваше “Сакаме да живееме заедно, слободни, еднакви и солидарни”.
Во Тулуз, во јужниот дел на земјата, на улица излегоа повеќе од 100.000 луѓе, според полициски проценки, околу 75.000 во Нант, пренесува Франс прес.




