МВР денеска го потврди случајот со починатото лице на охридска плажа, за кое медиумите синоќа објавија дека министерот за здравство, Венко Филипче се обидел да го спаси. Станува збор за 71-годишен скопјанец.
– На 14.08.2021 година во 19.05 часот, во СВР Охрид, од Итната медицинска помош е пријавено, дека на плажа во близина на хотелски комплекс во Охрид има починато лице. Од увидот било констатирано дека станува збор за 71 годишно лице од Скопје, велат од СВР Охрид.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.