Од направени 1.124 тестови, регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19. Сликата по градови изгледа вака:  Скопје – 53, Битола – 8, Тетово, Охрид и Берово – по 2, Куманово, Прилеп, Штип, Кочани и Гевгелија – по 1.
Од 72-та регистрирани 20 биле реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани две починати лица од: Охрид (82г) и Велес (74г). Едно лице е починато во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 24.05 до 28.05.2022 година.
Бројот на активни случаи изнесува 504.