Државниот обвинител на Ел Салвадор Даглас Мелендез објави дека поранешниот претседател на оваа централноамериканска држава Елијас Антонио Сака, кој минатиот викенд беше уапсен со уште шестмина, украл 246 милиони долари државни пари.
-Вкупниот износ од 246 милиони долари е проневерен и префрлен на сметки на поединци во корист на обвинетиот, изјави Мелендез на прес конференција.
Со судски налози биле претресени неколку фирми кои биле поврзани со роднини на Сака.
Сака (51) и шестмина осомничени инаку актуелни и функционери во владата на Ел Салвадор уапсени се во неделата под обвинение за проневера и перење пари.
Сака, инаку бизнисмен кој богатството го стекнал почнувајќи како новинар, во 2004 стана претседател и беше на власт пет години, за кој период беше силен сојузник на САД:.




