Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

816 стечајци досега поднеле барање за надоместок

0
By Нова ТВ on September 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До Агенцијата за вработување до денес се пристигнати 816 барања од стечајни работници за исплата на надоместок согласно неодамна донесениот Закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна државна сопственост.

Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска соопшти дека досега не е донесено ниту едно решение, бидејќи се уште во тек е аплицирањето.

Рокот за поднесување на барањата е една година, а барањата се поднесуваат електронски. Стечајните работници треба да понесат само лична карта за идентификација, а останатите документи Агенцијата ќе ги обезбеди по службена должност. Доколку барањето не може да се поднесе електронски, стечајните работници тоа може да го сторат во архивата на центрите за вработување.

– Олеснување во овој закон е тоа што не е потребно стажот да биде платен. Доволно е лицата да биле во работен однос, односно како доказ во прилог на барањето се само М1 и М2 обрасците, појасни Јовановска.

На прес-конференцијата присуствуваше и претседателката на здружението на стечајни работници УНИТ, Лилјана Ѓорѓиевска која рече дека околу 300 до 400 стечајни работници на ниво на државата не ги исполнуваат условите за добивање надоместок, односно немаат доволно години работен стаж.

– Тоа е најголем проблем затоа што знаеме дека раната транзиција од 90-тите години на некои не им дозволи да имаат 15 години работен стаж во државна фирма. Тоа е многу мала бројка на ниво на држава, рече Ѓорѓиевска, додавајќи дека ќе се бара решение и овие лица да бидат обештетени.

Со законот за стечајните работници се очекува околу 3.500 лица да добиваат месечен надоместок во висина од 34 проценти од просечната исплатена месечна нето плата од минатата година, односно по 7.596 денари. За оваа намена со ребалансот на Буџетот веќе се обезбедени дополнителни средства и директорката на Агенцијата за вработување најави дека надоместокот ќе биде редовно исплаќан.

Надоместот може да го користат невработени на возраст од најмалку 52 години (жени) и 55 години (мажи) со најмалку 15 години стаж во претпријатија со доминантна сопственост на државата, а таму работниот однос да им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни годинава.

Законот за стечајни работници стапи во сила на 20 овој месец, а ден претходно беше донесен од страна на Собранието на Република Македонија.

Агенција за вработување Закон за стечајци стечајци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.