Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

90 години од раѓањето на Марија Калас

0
By Нова ТВ on December 2, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 2, 2013 11:47


Марија Калас била американско-грчки сопран, една од најпопуларните и најконтроверзните оперски пејачки на сите времиња, родена 2 декември 1923, Њујорк, а починала на 16 септември 1977, Париз.

Својот успех го должи на неверојатните гласовни можности, моделирани по најсуштествените принципи на белкантото, но и на исклучителните интерпретациски и артистички способности со кои доминира на сцената.

Нејзиниот репертоар се протегал од улоги од драмскиот Вагнеров фах, преку комплексните ликови на хероините од оперите на Џузепе Верди и Џакомо Пучини, па сѐ до исклучителните колоратурни партии од композиторите на белкантото, Винченцо Белини и Гаетано Доницети, чии неколку опери самата лично ги „ископува од правта“ на театарските архиви и ги вцврстува во стандарниот оперски репертоар.

Исклучително чудлива личност, полна со испади и скандали; врската со Аристотел Оназис, како и можното ривалство со Рената Тебалди, допринесува медиумите сето тоа да го пренагласат и да влијаат врз текот на нејзиниот живот.

Сепак, денеска таа претставува синоним за оперска дива, име кое има оставено неизбришлива трага врз оперската уметност.

Во 2013 година, во октомвриското издание на списанието „Класик војс“ (Classic Voice), по повод одбележувањето на 200-годишнината од раѓањето на Верди, во анкетата спроведена на сто најголеми оперски имиња, Калас била убедливо прогласена за најдобар интерпретатор на оперите на Верди. Имено, во анкетата со која биле опфатени сто најголеми оперски имиња во светот, Калас била убедливо прва, со далеку најголем број гласови пред второпласираниот Пјеро Капучили и третопласираната Рената Тебалди.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.