Во последните 24 часа направени се 1.365 тестови и  регистрирани се 93 нови случаи на КОВИД-19. Сликата по градови изгледа вака: Скопје – 51, Битола – 15, Охрид – 5, Тетово и Кавадарци – по 4, Прилеп – 3, Велес и Штип – по 2, Куманово, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, Ресен и Берово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни 93 лица, регистрирани се 12 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19, од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Бројот на активни случаи изнесува 602.