Published: Monday, January 30, 2017 12:54
Белгија им го предаде на француските власти Мохамед Абрини, одговрен за бнападот на бриселскиот аеродром, познат како „човекот со шапката“.
Како што објави АФП, француските власти ќе го испрашуваат во врска со нападите во Париз.
– Во рамки на истрагата врзана за нападите во Париз од 13 ноември 2015 Мохамед Абрини им е предаден на француските власти, на период од еден ден, велат од Белгиското обвинителство.
Абрини беше уапсен на 8 април 2016 по анализаата на снимката од бриселскиот аеродром на која носи шапка, па во јавноста стана познат како „човекот со шапката“.
Постои основано сомнение дека тој учествувал и во нападот во Париз во 2015, за кои одговорноста ја презеде исламската држава.





