Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделени Европските награди за инвентивност

0
By Нова ТВ on June 5, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 5, 2013 12:12

Европската канцеларија за патенти, во соработка со Европската комисија во Амстердам минатата недела ја додели Европската награда за изумители. Наградата се доделува секоја година од 2006 наваму. Добитниците се поделени во 6 категории.

Беноа Батистели, претседателот на Европската канцеларија за патенти, верува дека заинтересираноста за наградата расте со секоја измината година.

„Мислам дека наградата покажува што носат изумителите во општеството генерално и особено во економијата, и мислам дека значајноста расте со секоја измината година. Нашата цел е оваа награда да стане популарна исто како и Нобеловата награда“, вели Батистели.

Патрик Кувре и неговиот тим од Универзитетот Париз-север во Франција, ја доби наградата во категоријата „Истражување“ за нивниот пронајдок од нано-капсули, 70 пати помали од црвените крвни зрнца заштитени од биоразградливо премачкување, кои ги уништуваат клетките на ракот, без да му наштетат на здравото ткиво.

„Кога ги спроведуваме анти-канцер лековите, тие практично го напаѓаат целиот организам, различни ткива, различни органи, не само канцерогените клетки или канцерогените ткива. Значи целта на овие нано-честички е да ја капсулираат анти-канцерогената молекула и да ја достават директно само до канцерогените ќелии или ткива“, објасна Кувре.

Шведскиот пронаоѓач Пол Најрен ја освои наградата во категоријата за „Мали и средни претпријатија” за измислување на многу побрз, помалку компликуван и поевтин метод на секвенционирање на ДНК влакната.

„ДНК е молекулата на животот, и ако го разберете кодот на ДНК, тогаш може да разберете различни болести, како ракот. И веројатно можеме да помогнеме да се излечат тие болести“, рече Најрен.

Наградата за животно дело ја доби швајцарскиот пронаоѓач Мартин Шат, за измислување на првиот светски рамен екран со течни кристали, познат како ЛЦД.

Следното доделување на наградите ќе биде во Британија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.