Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на активистичкиот магазин „Лице в лице“

0
By on June 5, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 5, 2013 12:21

Петтиот број на активистичкиот уличен магазин „Лице в лице“ ќе биде промовиран вечерва, во 19:30 часот во „Галерија 8“, во Безистенот во Стара скопска чаршија, како дел од одбележувањето на Светскиот ден на животната средина.

На промоцијата ќе биде отворена и изложба на најуспешните фотографии од фотоконкурсот „Една фотографија-илјада зборови“, кој „Лице в лице“ го организираше во соработка со Платформата за креативни индустрии „Скопје креатива“. Ќе бидат објавени и наградените автори и дела од оваа изложба, кои ги избра жири во состав Томислав Георгиев, фотограф, Вук Митевски, ликовен уметник и филмски работник и Игор Ивковиќ, театарски режисер. На првонаградениот автор „Скопје креатива“ ќе му обезбеди самостојна изложба, а сите наградени ќе добијат вредносни награди од „Никон“ и акредитации за следење на Меѓународниот фестивал на креативен документарен филм „Македокс“.

Промотори на новиот број ќе бидат уметникот Игор Тошевски, ракометарот Наумче Мојсовски и радио водителките Ана и Билјана од “Метрополис мрежа“.

Промоцијата е во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, а Центарот за медиумски активности (ЦМА), кој е издавач на списанието, преку „Лице в лице“ се вклучи во глобалната прослава. Годинашната тема „Мисли. Јади. Зачувај“ и е посветена на храната, остатоците и фрлањето на храна и како да се превенира нејзиното губење.

„Освен тоа, магазинот ја објавува и приказната за олимпијката која го продава „Лице в лице“- Марица Милошева, професорката Јасна Котеска пишува есеј за суштината на протестот, професорот Дејан Донев за еколошкиот активизам, а Светлана Слапшак за гостопримството. Објавуваме и фоторепортажа на темата солидарност од фотографот Драги Неделчевски, сторија за заживувањето на селата и примерот кој група уметници, предводени од Сергеј Андреевски во Слоештица, потоа приказна за малите места кои носат големи промени, како Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, инспиративен пример на младата Магде која е голема поддршка на продавачот Ерџан, а ги пренесуваме и тајните и вештините на Јасмина Главинче и нејзината садлива хартија“, велат уредниците на „Лице в лице“.

Новиот број ги разгледува и моделите на образование, предупредување од еколозите за опасностите од депониите на некои индустриски капацитети, како и блог на амбасадорот на Шведска во земјава, Ларс Вахлунд.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.