Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонскиот ПЕН ќе говори за слободата на зборот

0
By on June 5, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 5, 2013 13:17

Утре во Скопје почнува четиринаесеттата регионална конференција на Македонскиот ПЕН-центар, на која, освен домашните автори, ќе учествуваат и дваесетина писатели од Србија, Бугарија, Романија, Словачка, Словенија, Косово, Хрватска, Црна Гора, Албанија и од други земји во регионот.

Свеченото отворање на конференцијата е закажано за 6 утре вечер, а на 7 јуни писателите ќе расправаат на тема „Зборот и слободата“, за што воведно излагање ќе има академик Ферид Мухиќ, член на управата на Македонскиот ПЕН.ж

Ќе бидат претставени и неколку книги на писатели од соседните ПЕН-центри преведени на македонски јазик. Истиот ден, во вечерните часови, во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи меѓународно поетско читање со учество на странски и домашни поети. В петок попладне ќе се одржи и средба на претставниците на Балканската мрежа, која од неодамна егзистира во рамките на меѓународниот ПЕН.

Вчера на годишното собрание на Друштвото на писателите на Македонија, писателот Христо Петрески рече:

„Kај нас гласот на писателот, на уметникот, на интелектуалецот се наоѓа некаде во шепотот, во она што често го велиме: „Внимавај, некој да не слуша“, како некои трауми од минатото. С` она што го мислиме не треба да го кажуваме само преку нашите дела, туку да го кажуваме не како заталкани индивидуи, како неколку среќници што имаат колумни. За да бидете гласни, треба да имате и приемник. Нашиот глас ни се враќа како ехо од празен бунар и никој не сака ни да го слушне. Kолку и да се обидуваме да бидеме гласни, треба да се запрашаме дали некој сака да го слушне тоа. Дали денеска не се слуша најгласно шушкањето на книжните пари? Затоа с` уште пишуваме во меѓуредови, с` уште сме полугласни“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.