Музичко сценскиот спектакл „The Wall“ на легендарниот Роџер Вотерс член на некогашната група „Pink Flojd“, доаѓа во Белград на 1 септември.
Но, вчера организаторите во Белград објавија дека настанот нема да се случи на Ушќе, туку во Комбанк Арена, заради технички и продукциски потешкотии, како што наведоа во српските медиуми.
Шоуто на Роџер Вотерс е направенo да се изведува на стадиони, но Белград нема таков стадионски простор што би одговорил на барањата на овој спектакл.
„The Wall“ во моментот е најголемата продукција во светот и дефинитивно е прв пат спектакл со вакви размери да дојде во некоја од балканските земји.
Видео: Видете како се подготвува спектаклот