НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов во Азербејџан, ќе се обрати на тема „Меѓународни односи“

0
By Нова ТВ on March 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска и утре престојува во работна посета на Баку, Азербејџан, по повод учеството на 5. Глобален Баку форум, во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“, соопштува Кабинетот на претседателот.

Тој ќе се обрати на претседателската сесија на форумот на тема „Иднината на меѓународните односи: моќ и интереси“.

За време на работната посета, предвидено е Иванов да оствари билатерална средба со претседателот Азербејџан, Илхам Алијев, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот.

На глобалниот форум ќе учествуваат над 100 актуелни и поранешни претседатели, премиери и министри, дипломати, голем број истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, универзитетски професори, како и претставници на Програмата за млади лидери на Глобалниот форум.

Меѓу останатите теми на дискусија на овогодинешнот форум се: иднината на Европа, улогата на Кина во меѓународните односи, односите меѓу Русија и Западот, предизвиците во справување со модерниот тероризам, дали екстремизмот и популизмот се најголема закана за безбедноста, иднината на трансатлантските односи, Алијанса меѓу западот и муслиманските држави.

Неговото отсуство е среде најголемата политичка и институционална криза во историјата на земјата- мандатот за состав на нова влада не го дава, а ситуацијата во државата од ден на ден тоне во се поголема неизвесност. НОВАТВ разговараше со неколку аналитичари, експерти за безбедност и поранешни функционери за тоа колку е оправдан овој потег на Иванов.

Азербејџан Баку Ѓорѓе Иванов Илхам Алијев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.